Први гласаат членовите на избирачкиот одбор кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората

ДИК / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Гласањето за Претседателските избори 2024 почнува утре со членовите на 31 избирачки одбор што ќе го спроведат гласањето во странство. Тие пред заминувањето во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК).

Во Избирачкиот список се запишани и во странство би требало да отпатуваат 191 лице кое во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник на 23 април ќе ги спроведат изборите.

Гласање на Претседателските избори 2024 година, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117,Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Организацијата и спроведувањето на двојните избори е во тек. ДИК ја започна дистрибуцијата на недоверливиот материјал, додека доверливиот материјал ќе започне да се дистрибуира в недела.

Гласањето е в среда на 24 април, а ден претходно гласа дијаспората, болните и изнемоштените, лицата во притвор и затворениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот