Првата полна месечина за Ноќта на вештерките после 76 години!

профимедиа

На сите илустрации кои ја најавуваат Ноќта на вештерките, секогаш блеска полната месечина, пред која се наоѓа совршената силуета на вештерка која вози метла или некое мистериозно, злобно суштество … Сепак, се покажа дека не сме имале можност да ја гледаме Месечината како свети на 31 октомври 2020 година од 1944 година .

Ноќта од 31 октомври до 1 ноември ќе блесне таканаречената „сина месечина“, втора полна месечина во октомври. Овој релативно редок феномен се јавува во просек еднаш во две и пол години, објави НАСА.

Има полна месечина секој месец, но бидејќи лунарниот циклус и календарската година не се совршено синхронизирани, понекогаш две се случуваат во ист месец – последен пат се случи во март 2018 година.

Првата полна месечина во октомври, позната и како „Жетва месечина“, се појави на 1 октомври. Втората полна месечина или „сината месечина“ ќе може да се види вечерва и ќе биде прв пат полна месечина на Ноќта на вештерките да се појави во сите временски зони уште од далечната 1944 година, потсетува Си-Ен-Ен

Астролозите му даваат особено значење на овој настан и тврдат дека тоа ќе влијае на луѓето повеќе од вообичаено, бидејќи сината месечина на 31 октомври ќе биде многу близу до Уран, што е планета на промени и револуција, што може да предизвика чувство на несигурност, вознемиреност, нетрпеливост, напнатост, импулсивност… Секој треба да биде подготвен за ненадејни промени и неочекувани настани, а во емотивните врски може да има дистанцирање и фрустрација, но и некои позитивни точки на пресврт. Секако, треба да ја искористиме можноста за промените што долго ги чекавме, да ги отфрлиме старите обрасци и да ги пронајдеме и разбудиме повторно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот