Прва во светот: Ја викаат „НУКЛЕАРЕН ТИТАНИК“ и „ЧЕРНОБИЛ НА МРАЗ“, но нејзиното испловување не можеа да го запрат (ВИДЕО)

Првата пловечка нуклеарка во светот исплови од арктичкото пристаниште Мурманск за со струја да ги снабди најоддалечените подрачја на Русија.

Електраната „Академик Ломоносов“, која ја развила државната нуклеарна компанија, тргнала на пат долг 5.000 км низ водите на Арктикот за да стигне до Чукотската област која ја дели Алјаска од Беринговиот премин, пишува Ројтерс.

Долга е 140 метри, а широка 30 метри и се очекува дека ќе работи 40 години.

Постројката на нуклеарен погон ќе ја замени електраната на јаглен, како и дотраената електрана која со струја снабдува повеќе од 50.000 жители на градот Певек. Електраната на крајната дестинација ќе стигне кон крајот на септември.

Би-би-си наведува дека една од задачите на електраната е и напојување на рударскиот комплекс на Чукотк, во кој се наоѓаат рудници за злато.

Иако производителите тврдат дека искористеното радиоактивно гориво ќе остане на постројката и дека електраната е сигурна, многу еколози се загрижеи поради ризикот од нуклеарна несреќа.
Грин пис електраната ја нарекол „Нуклеарен Титаник“ и „Чернобил на мраз’.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот