Никол Варнс и Гордана Сиљановска Давкова / Фото: Фејсбук

Прва средба на Сиљановска со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Покрај за меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот, соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти, соопшти кабинетот на Претседателот на државата.

„За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата. Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и  сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста“, пишува во соопштението.

„Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка. Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните“, додаваат од кабинетот на Претседателот.

Сиљановска на дипломатите им кажа и за кралот Артур и за Хамлет и за Пенелопа и Одисеј, им ги спомна и Тукидид, Макијавели и Хобс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот