Прва лига: Шкендија и по 15 одиграни меча не знае за пораз!

Фото: instagram.com/fcshkendija

Денеска во првиот натпревар од 15 коло во Првата македонска лига Шкендија со конечен резултат 0:2 славеше против Борец.

На Градскиот стадион во Велес тетовските „црвено-црни“ дојдоа до трите бода со погодоците на Ибраими од пенал во 25 минута и Дориев во 84 минута од средбата.

Составот на Ернест Ѓока останува единствениот во првенството без пораз, моментно има учинок од девет победи, а досега шестпати ремизираше.

На табелата Шкендија е првопласирана со 33 бодови, додека велешани кои го претрпеа петтиот пораз сезонава се на четвртата позиција со 20.

Рундата ќе биде комплетирана в недела со останатите пет дуели (13.00 часот): Струга Трим Лум-Академија Пандев, Ренова-Силекс, Вардар-Работнички, Пелистер-Шкупи и Беласица-Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот