Проверете колку луѓе во светот го носат вашето име или презиме – и во кои земји ги има најмногу
Колку луѓе во светот го носат вашето име? Сега тоа можете да го проверите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Научниците од Универзитетот во Лондон во 2016 година создадоа интерактивна мапа која открива сè за вашето презиме.
Меѓутоа, оваа мапа не покажувала колку е вообичаено презимето во целиот свет, но сега можете да го проверите на веб-страницата forebears.io.
Станува збор за платформа која им овозможува на корисниците да го истражуваат потеклото на имињата и презимињата, како и информации за нивната распространетост низ светот.
Можете да пронајдете интересни информации за потеклото на името, неговата зачестеност во одредени земји и слично. Пребарувањето е можно по континенти, но и по одделни земји во светот.
Само внесете го вашето име во пребарувачот, а платформата ќе ви го покаже потеклото на името, како и во која земја е најпопуларно. Исто така, можете да дознаете и колку луѓе на светот го имаат вашето име или презиме.
На пример, името Кристина е словенска, скандинавска и германска верзија на името Christina. Тоа во суштина значи „христијанка“.
Или, на пример, името Никола од каде потекнува, во кои држави колку е често.



