Протести во Сент Винсент: Премиерот повреден и пренесен во болница

Twitter

Премиерот на Сент Винсент и Гренадини, Ралф Гонзалвес, се здоби со повреда на главата за време на демонстрациите, соопшти ноќеска неговиот кабинет, пренесува Ројтерс.

Премиерот бил поврден откако на протестот бил истрелан проектил, што го погодил во главата, по што тој силно крварел и бил однесен во болница.

Напаѓачот бил дел од групата од околу 200 опозициски демонстранти кои го блокираа влезот во парламентот.

Гонзалвес, наводно, им кажал на своите колеги дека ниту една „незаконска толпа” нема да го спречи да работи во име на населението на островската држава, кое брои околу 100.000 лица.

Министерот за финансии Камило Гонзалвес синоќа во парламентот изјави дека премиерот бил однесен на Барбадос на испитување со магнетна резонанца.

Според извештаите на медиумите, демонстрантите протестираа против предложената законска реформа со која вакцинацијата ќе биде задолжителна за одредени работници во првите редови на фронтот против пандемијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот