Прошетка низ изложбата на Христина Иваноска во Музејот на РСМ

Во Музејот на РС Македонија на 6 ноември, од 11 до 13 часот, публиката ќе има можност да ја посети изложбата на уметницата Христина Иваноска со наслов „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“.

Прошетката низ изложбата ќе биде водена од уметницата Христина Иваноска, а ќе се одржи во рамки на „Маалски фестивал“, кој го организира КСП „Центар-Јадро“ во соработка со „Тиииит!Инк.“ и Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) – Скопје.

„Документот што недостига“ е долгогодишен истражувачки, концептуален и ликовен проект на Иваноска започнат во 2014 година, а кој се однесува на формите, наративите и естетиката на политичкото дејствување на жените во Македонија во првата половина на 20 век и нивното поврзување со денешните форми на отпор.

Зборник „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), историски искуства и културна меморија“

Во фокусот на овогодишниот проект е списанието „Македонка – Орган на АФЖ“, првото македонско женско списание, издадено на 7 ноември 1944-та година, три месеци по одржувањето на АСНОМ и прогласувањето на македонската држава.

Изложба на Христина Иваноска со наслов „Документот што недостига: За методологијата (текст, глас и тело)“

Фокусирајќи се на својата методологија на работа, Иваноска издвојува три суштински поими на перформативното: текст, глас и тело, околу кои се конципира поставката. Изложбата е реализирана во рамки на проектот „Архиви на невидливите“ и ќе биде отворена за јавноста до 30 ноември.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 153, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 5-6 ноември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот