Пропаднаа преговорите помеѓу Баерн и Рагник

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде нов тренер на Баерн Минхен.

Томас Тухел заминува од Баерн по завршувањето на сезоната, пресудни беа неговите лоши резултати, но тимот подоцна успеа да дојде до полуфиналето во ЛШ каде што во првиот натпревар одигра 2:2 против Реал Мадрид. Сепак дури и да ја освои Лигата на шампионите тој ќе замине.+

„Скај Спорт“ во текот на вчерашниот ден објави дека Рагник и Баерн влегле во завршни преговори, но денеска новинарот Кристијан Фалк кој е најпознатиот инсајдер за случувањата во Баерн откри дека Рагник се заблагодарил на понудата. Неговата информација подоцна ја потврди и Фабрицио Романо.

Очигледно двете страни не успеале да пронајдат заеднички јазик и Баерн ќе треба да бара ново решение.

Ќе потсетиме, Рагник во овој момент е селектор на Австрија и со оваа репрезентација има договор до 2026 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот