Пропадна францускиот огранок на руската државна телевизија РТ

Уредничката на француската телевизија РТ, Ксенија Федорова / Фото: Твитер

Францускиот суд прогласи банкрот на француската филијала на руската телевизиска станица „РT“ (поранешна Russia Today), објави поранешната претседателка на каналот „RT France“.

„Судот во Нант донесе одлука за ликвидација на RT France – медиумска компанија која на Емануел Макрон не му се допадна од првиот ден и која беше санкционирана од ЕУ пред една година поради конфликтот во Украина“, објави главната уредничка Ксенија Федорова.

Повеќе од 100 вработени ќе бидат отпуштени во наредните денови, напиша таа на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот