Еврејска заедница, фото: Фејсбук

Пронајдени се канистер и траги од горење, велат од МВР по обидот да се запали објектот на Еврејската заедница

Министерството за внатрешни работи даде нови детали за случајот со објектот на  Еврејската заедница и на синагогата во Скопје. Од СВР Скопје за МИА изјавија дека во двор на верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.

„Веднаш по добиената пријава од полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, дополнуваат од МВР.

Претходно, Еврејскат заедница во Македонија со јавно писмо го осудија овој чин и апелираа до надлежните органи целосно да се расветли случајот и доследно да се применуваат законите, а воедно повикаа и на гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

„Ова не чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит“, стоеше во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви.

Во писмото стои дека „со особена загриженост констатираме дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток“.

„Обидот за подметнување пожар е алармантна последица токму на таквата атмосфера. Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат“, се вели во писмото.

Еврејска заедница во Македонија: Имаше обид да се запали нашиот објект, бараме да се расветли случајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот