Полиција/ Фото МВР

Пронајден мртов 61-годишен скопјанец

Во погон на булевар „Трета македонска бригада” во Скопје, на еден од меѓукатовите, бил пронајден починат Г.Ѓ.(61) од скопското село Долно Лисиче, вработен во погонот.

Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Скопје од Итна медицинска помош.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот