Промоцијата на книгата „Ќе фатит бран“ од Долорес Атанасова – Лори ќе се одржи на платото пред МКЦ

Промоцијата на книгата „Ќе фатит бран“ од поетесата Долорес Атанасова – Лори, добитничка на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2020 година, ќе се одржи на платото пред МКЦ, на 5 јуни (сабота), со почеток во 20 часот. На промоцијата ќе говорат Јане Чаловски и Биљана Стојановска, рецензент на книгата, а стихови ќе читаат Ана Голејшка Џикова, Снежана Стојчевска, Андреј ал-Асади и Јосип Коцев. Музиката за промоцијата е на Горан Атанасов, а видеото е дело на Гала Атанасова.

Долорес Атанасова – Лори е четвртиот добитник на наградата „Тодор Чаловски“, која Здружението за култура, литература и уметност „Галикул“ ја доделува од 2016 година како признание од областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми во знак на почит и сеќавање кон ликот и делото на својот основоположник и еден од најистакнатите современи македонски писатели, поетот, литературен критичар, преведувач и есеист Тодор Чаловски (1945–2015).

Автор на дизајнот на корицата на книгата „Ќе фатит бран“ е Илијана Петрушевска. Книгата е дел од годишната програма на „Галикул“ и е поддржана од Министерството за култура во програмата за издавачка дејност и манифестации за 2020 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 83, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот