Илустрација на насловната корица на книгата „Страв од чекорење“

Промоцијата на романот „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски ќе се одржи во Бистро „Комедија“

Во бистрото „Комедија“ во Скопје на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“ („Бегемот“, 2025) од Ѕвездан Георгиевски.

Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска, а за музиката ќе се погрижи Костадин Шурбановски.

Ѕвездан Георгиевски (1961) е автор на седум книги (публицистика, романи, раскази) и на десетина преводи. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Тој е долгогодишен новинар, уредник и колумнист, а во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Страв од чекорење“ се претставува како роман што го става времето во самиот центар на приказната, не само како околност, туку како физичка и суштинска категорија што дејствува како главен лик. Токму во тоа лежи и неговата необичност. Во книжевноста ретко се случува времето да не биде само рамка во која се движат настаните, туку носечка сила што отвора прашања и го диктира внатрешниот ритам на делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот