Плакат за промоцијата во Куманово

Промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска ќе се одржи и во Куманово

Во Лапидариумот на НУ Музеј – Куманово, на 11 јуни (четврток), од 19 часот, ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска, во издание на „Или-Или“ од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја промовира Наташа Атанасовска.

Од самото објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува одлични реакции и интерес кај читателите со својата оригиналност, провокативност, раскошниот стил и актуелните теми во чиј центар е обичниот човек исправен пред предизвиците на современото живеење. Книгата имаше промоции во Скопје и во Гостивар.

Промоторката Наташа Атанасовска (1977, Куманово) е една од основачките на читателскиот клуб во Куманово, што постои и активно работи веќе 15 години. Таа е преведувачка и магистер по конференциско толкување.

Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг.

Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на „Или-Или“. Во 2019 година ја добива втората награда на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“, а во 2022 година е првонаградена за расказот „Кажи му на кучето“.

Дебитантскиот роман „Денот на црвот“ („Или-Или“, 2021, 2022, 2024) е прогласен за „Роман на годината“ за 2021 година од Фондацијата „Славко Јаневски“ и е преведен на бугарски, српски и хрватски јазик.

Во 2022 во издание на „Чудна шума“ ја објавува книгата за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“. Во 2024 година го објавува вториот роман „Леска Брезоска“ во издание на „Или-Или“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот