Со концерт во МКЦ дуото „Алембик“ ќе го изведе новиот албум „Без никого да удриш“ во Скопје
После многу настапи низ цела Европа, како и последниот во Даблин, дуото „Алембик“ ќе го промовираат нивниот нов албум во Скопје.
Препорачано
Премиерната концертна изведба на вториот студиски албум „Без никого да удриш“ на дуото „Алембик“ ќе се одржи во Денсинг-салата на Младинскиот културен центар на 11 јуни, со почеток во 20 часот. Автор на плакатот е Марко Печеновиќ, а на фотографијата е Игор Аврамоски.
Дуото „Алембик“ се состои од Ива Дамјановски на клавијатури, теремин и вокал, и Виктор Танасковски на гитара и вокал. Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 година и е посветен на конфликтот, но и на возможната симбиоза на природата и технологијата.
На новиот албум тие соработуваат со Андреа Мирческа на бас, Драган Теодосиев на тапани и Филип Ефински како гостин на неколку песни. Албумот е посветен на борбата против насилството, што е тема присутна низ сите песни. Соработници на албумот се и Лила Мирчевска и Александра Арсовска – придружни вокали, Раде Биковски – продукција.
На концертот ќе може и за првпат да се погледне документарниот филм за процесот зад создавањето на овој албум, во режија на Теона Христовска. Исто така, ќе може и да се набави првото винилно издание на „Алембик“ во продукција на „Мртов коњ“ и „Ракамакафон“.
Непосредно пред концертот „Алембик“ го објави и видеоспотот за темата „Милосрдие“.


