Поетесата Наташа Сарџоска во Бари

Поетесата Наташа Сарџоска ја претстави македонската поетска традиција и современа поезија во италијанскиот град Бари

Македонската поетеса, писателка и преведувачка Наташа Сарџоска деновиве гостуваше на меѓународен поетски фестивал и симпозиум посветен на темата „Доверба во книжевноста“, што се одржа во италијанскиот град Бари, на покана на Меѓународното движење „Жени и поезија“.

На фестивалот Сарџоска настапи со читање на своја поезија на македонски и на италијански јазик, а учеството го сподели со поети од Уругвај, Шпанија, Италија, Полска и Ерменија и музичари и сликари од Италија.

Во рамки на симпозиумот, Наташа Сарџоска одржа воведно предавање на италијански јазик, претставувајќи историски, културолошки и книжевен преглед на современата македонска женска поезија.

По тој повод, таа прочита и песни во свој превод на италијански јазик од првите македонски поетеси Евгенија Шуплинова и Даница Ручигај, како и од Светлана Христова-Јоциќ, Ката Мисиркова-Руменова, но и од современите Весна Ацевска и Ана Голејшка-Џикова, доближувајќи ја македонската поетска традиција и современото поетско творештво до разноликата италијанска и меѓународна поетска, музичка и читателска публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот