Плакат за промоцијата на Душка Мушиќ во Охрид

Промоција на две книги од хрватската писателка Душка Мушиќ ќе се одржи во Охрид

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид на 20 април (понеделник), во 12 часот, ќе гостува писателката Душка Мушиќ од Плоче – Хрватска.

По пензионирањето, таа почнала да пишува и досега има објавено четири книги: „Валунци“, „Мамка за лигни“, „Се викам Душка“ и „Тој рече: Не“.

Во книгата „Се викам Душка“ (напишана со мали букви со причина) таа пишува за тоа како била злоставувано дете и злоставувана жена, прво се разболела од сериозна болест и откако оздравела, станала стендап комичарка.

Книгата „Тој рече: Не“ е делумно автобиографска, топла приказна за невозвратената љубов кон една постара дама. Во првиот дел, преку десет писма до саканата личност кои остануваат неодговорени, таа сепак сфаќа дека секоја љубов, без разлика дали е возвратена или невозвратена, нè прави подобри и поблагородни луѓе.

Вториот дел од книгата е напишан од сончевата жена. Како и зошто таа рекла „да“ по едностраната љубов, таа ќе зборува на промоцијата на книгата.

Душка последните четири години настапува со свој стендап и, како што вели, „поради моите повеќе од 69 години и повеќе од 109 килограми, таа е уникатен и редок примерок на стендап сцената“. „Никогаш не знаете колку долго ќе издржам, па би било штета да не ме видите“, вели таа во свој стил.

Нејзиниот стендап настап е во вторник навечер, на 21 април, од 21 часот, во хотелот „Су“ во Охрид, известија од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот