Промени во Управниот одбор на НЛБ Банка, Кудер повеќе не е член

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.

– Ве известуваме дека поради истек на мандат (01.01.2020), Г-дин Дамир Кудер повеќе не е член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје – се вели во соопштението на Банката.

Во изминатиот период НЛБ Банка АД Скопје го надополни Управниот одбор со двајца нови членови: Петер Зелен и Игор Давчевски.

Согласно новите измени, Управниот одбор на НЛБ Банката во моментов го сочинуваат:

Антонио Аргир – Претседател на Управен одбор
Гинтер Фриедл – Член на Управен одбор
Петер Зелен – Член на Управен одбор
Игор Давчевски – Член на Управен одбор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот