„Милка“ ги „измолзела“ купувачите со смалените чоколади, пресуди германски суд
Чоколадниот гигант ги измамил потрошувачите преку смалување на производот, додека пакувањето останало исто, реши судот во Хамбург
Многу љубители на чоколадо, но и на потрошувачи на други производи, ја сметаат „инфлацијата преку смалување“ („shrinkflation“) за сериозен престап, а сега добија потврда за тоа — германски суд пресуди дека чоколадниот гигант „Милка“ измамил потрошувачите преку смалување на производот, додека пакувањето останало исто, пренесува Гардијан.
Препорачано
Тринеделниот судски процес во регионален суд беше покренат од Канцеларијата за заштита на потрошувачи од Хамбург. Таа го обвини американскиот сопственик на брендот „Милка“, „Монделез Интернешнел“, дека ги довел купувачите во заблуда со намалување на тежината на класичното чоколадо „Милка алпин милк“ од 100 на 90 грама, без значително да го смени препознатливото виолетово пакување.
Таканаречената „смалувачката инфлација“, односно намалување на обемот на производот додека цените остануваат исти, или дури се зголемуваат, стана сè почеста практика бидејќи производителите се обидуваат да ги покријат растечките трошоци за работење и состојки.
По промените минатата година, чоколадото „Милка“ било потенко за еден милиметар, а цената се зголемила од 1,49 евра на 1,99 евра.
Во пресрет на Божиќ, Гардијан откри широко распространета „смалувачка инфлација“ во делот за слатки. Тоа вклучуваше полесни кутии на „Куалити стрит“ и „Селебрејшнс“, како и помали „Терис чололит оринџ“ чоколади. „Тоблероне“ – уште еден бренд на „Монделез“ – исто така бил „скратен“ со 20 грама помалку, така што чоколадото од 360 грама било намалено на 340 грама.
Чоколадото стана поскапо поради слабите жетви во западна Африка, особено во Гана и Брегот на Слоновата Коска, каде што се произведува повеќе од половина од светските резерви на какао. Кога претходно беше прашан за намалувањето на пакувањата, „Монделез“ посочи на зголемените трошоци – од состојки како какао и млечни производи, до енергија и транспорт.
Монделез му соопштил на судот во Бремен дека германските потрошувачи биле информирани за промената преку веб-страницата и социјалните мрежи на компанијата. Сепак, во анкета Германците го избрале чоколадото „Милка алпенмилч“ за „измамничко пакување на годината 2025“.
Ова не е првпат „Монделез“ да се соочи со критики поради намалување на своите чоколади. Во 2016 година, компанијата предизвика негативни реакции откако ги зголеми празнините меѓу препознатливите триаголни парчиња на „Тоблероне“, наместо да ја покачи цената. Две години подоцна, компанијата се врати на оригиналниот изглед.
Судот пресуди дека на пакувањето требало јасно да биде наведено известување за промената, со цел да се избегне забуна кај потрошувачите. Според судот, таквото известување би требало да стои најмалку четири месеци за потрошувачите да можат да ја забележат и разберат промената.
Глобалниот парадокс на какаото: цената на чоколадото расте, но земјоделците во Африка се без приходи


