Прогресивен, но и кризен данок – разгледува Владата

Прогресивен данок, но за богатите кои за време на пандемијата станаа уште побогати, намалување на персонален данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок, се можностите што ги навести вицепремиерот Фатмир Битиќи.

– Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување, јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните, велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено – рече Битиќи.

Од опозицијата  пак обвинуваат дека со даночната реформа која е во подготовка повторно ќе се удри врз стопанството и стандардот на  граѓаните.

– Ќе имаме корекција во даноците, не го бараме решението кај себе, туку повторно удираме по бизнисот и граѓаните и ги зголемуваме даноците наместо да најдеме начин да ја намалиме сивата економија и така да се зголемат приходите во буџетот. Ние остануваме на нашата политика, а тоа е рамен данок и негово намалување до ниво од 8 проценти –  рече Христијан Мицковски – претседател на ВМРО- ДПМНЕ.

По актуелизирање на идејата за прогресивен данок од страна на академикот Таки Фити многу реакции стигнаа на адреса на сивата економија, односно дека не не е легитимно да се зборува за зголемување на даноци кога даночната евазија се приближува до 40 проценти.

Според Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија, со поголем данок практично ќе се оптоварат повеќе тие кои плаќаат данок. 

– Академик предлага покачување на даноците. Тоа е најлесно да се направи, да се натоварат уште повеќе тие што плаќаат данок. Потешко е да бориш против сивата економија. Треба прво тоа да се потсреди па после да се размислува за нови или повисоки даноци – реагираше Јовановски. 

Прогресивното оданочување е одложено за 2023, но не се исклучува можноста  да биде воведен и порано.

На 1 јануари 2019 Владата објави дека државата го напушта рамниот данок и дека почнува даночна политика на прогресивно однаочување. Според Законот за данок на личен доход се предвидуваше задржување на стапката на оданочување од 10 отсто за приходите остварени до 90 илјади денари на месечно ниво, a 18 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. При оданочување на доходот од капитал (закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа) требаше да се применува даночна стапка од 15, место од 10 проценти. Но, на 1 ноември 2019 година, скоро поставената министерка за финансии Нина Ангеловска објави дека прогесивниот данок се става во мирување. Таа  дојде на местото на министерот Драган Тевдовски кој го воведе прогресивното оданочување, кое практично не заживеа. 

Каков беше кризниот данок од 2001?

 Во 2001 година се донесе Закон за данок на финансиски трансакции, кој требаше да обезбеди дополнителни приходи за справување со тогашната кризна состојба. Данокот беше 0,5 проценти, освен за готовински исплати, за кои беше 1 процент. Го плаќаа сите граѓани и парвни лица, а предмет на оданочување беа: сите готовински и безготовински исплати и уплати преку носителите на платниот промет, банки и други финснсиски институции, освен за плати, пензии и други лични примања од штедна книшка, или тековна сметка на граѓаните. Со овој кризен данок се оданочуваа и припишана камата, купопродажба на девизи, отворн акредитив, издаден инструмент за обезбедување од банка, одобрен кредит, полиса за осигурување и тргување со хартии од вредност.

Овој закон се применуваше од 1 јули до 31.12.2001 година.

Што може да се очекува ако се воведе кризен данок како во 2001?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот