Прогласен најдобриот играч оваа сезона во Премиер лигата

фото: твитер

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата во сезоната 2019/20, по изборот на англиската Асоцијација на фудбалски новинари.

Играчот за врска на новиот шампион во трката го победи плејмејкерот на Манчестер сити, Кевин де Брујн, потоа напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Решфорд и соиграчите Виржил ван Дајк и Садио Мане, освојувајќи повеќе од четвртина гласови.

Во најтесниот круг за фудбалер на сезоната се најдоа уште Трент Александер-Арнолд и Алисон Бекер, што доволно говори за доминацијата на Ливерпул.

Рекорден 14 пат оваа награда оди во рацете на играчите на Редси, а Хендерсон е 12 фудбалер во клупската историја.

Претходно тоа им успеа по двапати на Џон Барнс и Кени Далглиш, а по еднаш на Мохамед Салах, Луис Суарез, Стивен Џерард, Стив Никол, Јан Раш, Тери Мекдермот, Емлин Хјуз, Кевин Киген и Јан Калаган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот