Профитот на енергетскиот гигант „БП“ се удвои на 28 милијарди долари

БП/ Архива на СП

Нафтениот и гасниот гигант БП повеќе од двојно го зголеми својот годишен профит откако цените на енергијата се зголемија минатата година по руската инвазија на Украина. Добивката на оваа компанија скокна на 27,7 милијарди долари во 2022 година, наспроти 12,8 милијарди долари претходната година.

Другите енергетски компании забележаа сличен раст, при што Шел објави рекорден профит од речиси 40 милијарди долари минатата недела.

Профитот доведе до повици до енергетските компании да плаќаат повеќе данок бидејќи домаќинствата се соочуваат со зголемени сметки, објави порталот Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот