Професорот Пеце Николовски избран за претседател на Сенатот на УКЛО-Битола

Универзитетскиот професор Пеце Николовски е избран за нов претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола. Изборот на претседател и членови на Сенатот на УКЛО-Битола е извршен со тајно гласање и согласно Законот за високото образование.

Пеце Николовски е редовен професор на Економскиот факултет во Прилеп, автор на учебници, книги и учебни помагала за студентите од сите циклуси на студирање и редовен член на Македонско научно друштво-Битола. Негово поле на научна преокупација е ревизијата на финансиските извештаи, финансиска анализа, финансиска контрола и сметководство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот