Проф.Трајковски: Луѓето помалку или повеќе пројавуваат симптоми на панично однесување

Состојбата, мерките со коронавирусот дефинитвно се голем стрес за општеството. Социологијата е наука за општеството која ваквите ситуации ги има обработувано во историјата. Мерките на Владата може да се заоструваат и да траат во наредните месеци. Кои ќе бидат општествените последици?

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Иљо Трајковски, професор по социолигија.

-Вчера ме повика еден другар, странец, бил во Охрид. Ги забележал луѓето како ги бакнуваат иконите. За него тоа е алармантна работа. Да, некои работи, сакајќи или несакајќи ќе ги промениме. До каде тие промени ќе одат тешко е да се каже. Ова е исклучително нова состојба. Од перспектива на социологијата проучувани се другите епидемии од сличен тип. Најшироката која што ја паметиме е пред 18 години. Но ова досега е невидено. Луѓето помалку или повеќе пројавуваат симптоми на панично однесување, рече Трајковски.

Анализирајќи ги колективните однесувања во состојби на пандемија според моделот на Филип Стронг, прво се создава паника, па потоа паника од морализација, со осуда на Кинезите што се хранат со диви животни, а потоа паника за барање на акција, дејствување.

-Кај нас, сметам дека реакцијата на граѓанството кон повикот на властите е позитивна веројатно од стравот дека нема шега. Освен промената на нормативата како да се однесуваме во вакви ситуациии, промената на нашите ставови, вредности , начинот на комуникација ќе потрае подолго време. И за тоа се потребни генерации, тоа се работи кои се длабоко всадени во нашиот модел како ќе се однесуваме, изјави проф. д-р Иљо Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот