Проф. Јанкуловски: Нa секој вработен му е загарантирано правото да организира сидикално здружување и тоа право не треба да се одземе

Ја разбирам Стевановиќ за нејзиниот револт, вели ректорот Јанкуловски, заради тоа што очигледни се работите дека Независниот академски синдикат, кој што не е репрезентативен, ништо не направи за овие четири години.

Секако дека ќе одговорам на неоснованите напади и обвинувања на доскорешната претседателка на Независниот академски синдикат, проф. Маја Стевановиќ дека сум правел узурпација со академската слобода, со незаконско спроведување на постапка за формирање на синдикат, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

-Јас како ректор на најстариот и најголем Универзитет во нашата земја имам должност и обврска да ги процесуирам информациите кои што ги добивме. Не само јас како ректор, туку сите ректори на јавните Универзитети во нашата земја имаме обврска да пренесеме дека од министерството за образование и наука се издвоени средства во буџетот за покачување на платата на вработените во Универзитетите. Значи ние само ја даваме информацијата и понатаму ништо не се мешаме- вели Јанкуловски.

На секој вработен, вели ректорот Јанкуловски, му е загарантирано правото да се организира во синдикално здружување и тоа право не треба да се одземе и да се врши притисок, впрочем како што беше во нашата ситуација – ние само ги информиравме вработените, кој сакаше доброволно се зачлени во Синдикатот.

-Самиот податок дека за ден и пол успеавме да направиме репрезентативност на синдикаалната организација УКИМ зборува за успешниот момент. За толку време да соберете над 1.000 членови не знам кој и како би правел притоск врз некого, за толку краток период. Задачата на секој ректор, па и моја е да се погрижам за квалитетот на високото образование и стандардот на вработените. За мене беше непоимливо да ја задржам таа информација за себе и не ја процесуирам понатаму- вели ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

Ја разбирам Стевановиќ за нејзиниот револт, вели ректорот Јанкуловски, заради тоа што очигледни се работите дека Независниот академски синдикат, кој што не е репрезентативен, ништо не направи за овие четири години.

-Секое покачување на платите е добредојдено, го поздравувам формирањето на синдикална организацијан УКИМ и навистина сметам дека ќе придонесе за подобрување на стандардот и условите за работа на вработените- рече универзитетскиот професор наедно и ректор на УКИМ,  Никола Јанкуловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот