Проф д-р Владо Ванковски: Министерот зафатен со „цунами од непозната етиологија“
Не стивнуваат реакциите од стручната фела откако Министерството за здравство ѝ го одзеде на Стоматолошката комора на Македонија овластувањето да лиценцира стоматолози и да спроведува континуирано стручно усовршување и овие ингеренции ги зеде под своја надлежност. Професор доктор Владо Ванковски, претседател на Стоматолошката комора на Македонија вели дека до факултетите стигнало известување за укинување на договорите за континуирана едукација и поради тоа тој јавно се обраќа со реакција на оваа одлука. Обраќањето го пренесуваме во целост:
Препорачано
После одземањето на ингеренциите на Стоматолошката комора за организирање на стоматолошки едукативни настани и доделување на лиценци на докторите по дентална медицина следи нов „гаф”на министерот. – Комората ќе ја прескокнеме, што ќе ни е комора без овластувања! -Министерот ќе го прескокнеме, зошто ни е министер кој не го почитува законот за здравствена заштита (член 266 алинеа 2).
Што ќе правиме со еснафот за контиурана едукација и коморско работење ?
„Едукацијата ќе ја вршат факултетите во Скопје и Тетово“ или појасно кажано најстручните (најпослушните и најзаинтересираните за „тронот”). По кој критериум драгиот ни министер ја прави оваа селекција и од едукацијата ги исфрла Стоматолошкиот факултет од Штип (Универзитет Гоце Делчев на многу ранг листи над УКИМ), Европскиот Стоматолошки факултет, Стоматолошкиот факултет од Меѓународниот Балкански Универзитет…..
За организирање континуирана едукација потребно е време, се избира актуелна тема и се покануваат меѓународни предавачи – едукатори на кои терминот им е најавен 3-6 месеци порано.
На 13.09.2025 Стоматолошкиот факултет при ЕУРМ организира еднодневен симпозиум со 4 предавачи – едукатори од кои двајца странци (нема бодови). На 18.09. 2025 Македонското стоматолошко друштво организира конгрес кој се случува на 4 години. Тоа е традиција од пред 40-50 години од претходната држава. Конгресот е меѓународен и можеби ќе има 50-тина предавачи од странство (нема бодови ).
А Македонското стоматолошко друштво во чиј Управен одбор има многу редовни професори понизно молчи, и за објавата дека после 5о години работење е прогласена за недоветна институција за континуирана едукација.
Овие јавачи на магла за тоа што се прогласени за некомпетентни го поддржуваат министерот. Па ова не би прошло во ниедна институција за посебни потреби.
И одеднаш дојде „здравствениот експерт, гуру за паркинзи и познат компјутерџија“, борец за подигање на нивото на едукација кај докторите и ја укина постоечката и ги испрати докторите континуирано да се едуцираат во Тетово и Скопје на факултет со онлајн едукација. Кога те бива – те бива?
„Кој ги навеја ветровите југо и стрмец да прават сметање па езерото да е немирно“.
Проф.д-р.Владо Ванковски


