Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Проектот „Аморим“ го чинеше Манчестер Јунајтед повеќе од 40 милиони евра

Манчестер јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим би можело да ги чини повеќе од 18 милиони евра. Португалецот го напушти англискиот фудбалски клуб на 5 јануари по ремито 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.

Според „Би-Би-Си“, на Аморим му следува гореспоменатата сума како надомест откако претходно беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање како отштета платена на Спортинг Лисабон.

Вкупно, со отпуштањето на Ерик тен Хаг кое чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, истиот извор проценува дека промените околу Аморим и тој неуспешен проект ги чинеа „Црвените ѓаволи“ речиси 43 милиони евра.

Неговите 14 минути на клупата на Јунајтед се најмали од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи во 25 од 63 натпревари и заврши на 15 место во Премиер лигата – најлошиот настап од испаѓањето во сезоната 1973/74.

Покрај тоа, тој претрпе пораз во финалето на Лигата на Европа и го остави тимот без европски фудбал за прв пат од 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот