Проектил погоди танкер со нафта во Саудиска Арабија, Ријад најавува одговор

Во нафтена постројка во Саудиска Арабија се запали танкер со гориво откако беше погоден од непознат проектил, соопшти денеска тоа кралство.

Засега никој не презел одговорност за нападот, но инцидентот се случи по нападот на осум дронови со бомби, изведен од бунтовниците Хути од Јемен.

Саудиското Министерство за енергетика потврди дека нападот се случил синоќа околу 21 часот по локално време во Јитан, кој се наоѓа на 970 километри југозападно од Ријад, и освен фактот дека е запален еден танкер со нафта, други последици немало.

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија денеска соопшти дека планира да преземе соодветни активности за заштита на објектите за извоз на нафта по серијата напади од јеменските Хути врз нафтените постројки и отсега Војската ќе ги штити тие капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот