Продолжуваат протестите во Хонг Конг

Облечени во црно и со маски на лицето, што станаа заштитен знак на протестите, демонстрантите се собраа во близина на зградата на градскиот Законодавен одбор

Полицијата денеска употреби солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти кои се собраа во градскиот парк во Хонг Конг за да повикаат на изборни реформи и бојкот на Комунистичката партија на Кина.

Облечени во црно и со маски на лицето, што станаа заштитен знак на протестите, демонстрантите се собраа во близина на зградата на градскиот Законодавен одбор

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Слободен Хонг Конг” и вееја американски и британски знамиња.

Полицијата на Хонг Конг го одобри денешниот митинг, но не даде дозвола за одржување на марш, што организаторите го планираа во текот на денешниот ден. Кога митингот прерасна во марш, полицијата брзо реагираше и употреби солзавец, а уапсени се неколку лица.

Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни минатата година поради спорниот закон за екстрадиција на обвинетите во континенталниот дел на Кина. Иако законот е повлечен, протестите продолжија поради полициското насилство, но и со барање за поголеми права и оставка на лидерката на Владата на Хонг Конг, Кери Лам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот