Продолжува војната на соопштенија, и Диневски контра Циговски: СФМ не е приватна фирма, Циговски нè подели на подобни и неподобни

Во време кога се одржуваат Зимските олимписки игри во Пекинг, во Македонија има „војна на соопштенија“ во која учествуваат скијачите и тренерите од една и Скијачката федерација на Македонија.

Прв кој се огласи во јавноста беше Антонио Ристевски, тренерот на Дардан Дехари, кој реагираше дека додека се наоѓа во Пекинг на ЗОИ, добива мејл од претседателот на СФМ, Огњан Циговски, да одговори каде е.

Потоа реагираше Циговски кој за „Слободен печат“ изјави дека од Ристевски било побарано да достави извештај за сработеното во последните 11 месеци, а не го прашуваат каде е.

Федерацијата и тренерот на алпинците во клинч

Следен кој реагираше беше знаменосецот Дардан Дехари кој порача дека е жално да се удира по спортистите и тренерите и Федерацијата да не им ја убива надежта дека успесите се остваруваат на теренот.

Ставре Јада заврши на 86 место во квалификациите во нордиско скијање

Потоа повторно се огласи Ристевски, а последен кој реагира е тренерот во нордиско скијање и бијатлон, Ѓоко Диневски, кој исто така реагира на односот на Федерацијата и претседателот Циговски кон спортистите и тренерите.
Неговото соопштение ви го пренесуваме во целост:

Господине Огнен Циговски ова што ми го пративте на емаил да го објаснам моето отсуство од работа за мене не е ништо ново, напротив од првиот ден кога влеговте во СФМ 26.04.2021 год. се служите само со заканувачки мејлови и пораки. Можеби ќе ме изненадеше да добијам емаил дека ми е одобрена и финансиски поткрепена една од трите програми што ви ги испратив уште во Мај 2021г. За жал со самото ваше доаѓање во СФМ прво ни беа одземени основните средства за работа и клучевите од канцеларијата на СФМ, а на мое големо изненадување целокупниот пишан материјал, слики и весници како историја на овие спортови за последните 35 години без да ме известите ги фрливте во контејнер. Господине Циговски само да ве потсетам дека канцеларијата на СФМ со месеци е заклучена и никој не доаѓа во неа. Многупати сум дошол и сум наишол на затворени врати, а истото се случуваше и во септември кога побаравте од мене преку препорачана пошта да посетувам семинар за тренери во канцеларијата на СФМ. Ова за мене беше изненадување, сепак уредно секој ден се јавував во СФМ со љубопитност кој ќе ми биде менторот, но за жал повторно и секој ден вратата на канцеларијата на СФМ беше заклучена. Се надевам дека не ви беше целта да вршите вознемирување односно мобинг на работно место врз мене. Да не должам, вашата цел е јасна, како да се пресметате со нас докажаните професионалци, да ми дадете отказ од моето работно место после посветена работа цели 20 години, со учество на 6 олимпијади и 25 Светски првенства во нордиско скијање и биатлон. Јас како професионалец од изумрени спортови ги вратив во живот и истите со голем успех се развиваа последниве години на спортски и организациски план.

Господине Огнен Циговски, Скијачката федерација на Македонија не е приватна фирма, а Вие за жал сте најнеспособниот претседател досега, кој внесе раздор помеѓу професионалците и спортистите и не поделивте на подобни и неподобни. Овој проблем има единствено решение, наместо професионалците надвор од скијањето, Вие како ,,претседател” на СФМ веднаш да си поднесете неотповиклива оставка.

Господине Огнен Циговски ова што ми го пративте на емаил да го објаснам моето отсуство од работа замене не е ништо ново, напротив од првиот ден кога влеговте во СФМ 26.04.2021г се служите само со заканувачки мејлови и пораки. Можеби ќе ме изненадеше да добијам емаил дека ми е одобрена и финансиски поткрепена една од трите програми што ви ги испратив уште во Мај 2021г. За жал со самото ваше доаѓање во СФМ прво ни беа одземени основните средства за работа и клучевите од канцеларијата на СФМ, а на мое големо изненадување целокупниот пишан материјал, слики и весници како историја на овие спортови за последните 35 години без да ме известите ги фрливте во контињер. Господине Циговски само да ве потсетам дека канцеларијата на СФМ со месеци е заклучена и никој не доаѓа во неа. Многупати сум дошол и сум наидел на затворени врати, а истото се случуваше и во Септември кога побаравте од мене преку препорачана пошта да посетувам семинар за тренери во канцеларијата на СФМ. Ова за мене беше изненадување, сепак уредно секој ден се јавував во СФМ со љубопитност кој ќе ми биде менторот, но за жал повторно и секој ден вратата на канцеларијата на СФМ беше заклучена. Се надевам дека не ви беше целта да вршите вознемирување односно мобинг на работно место врз мене. Да не должам, вашата цел е јасна, како да се пресметате со нас докажаните професионалци, да ми дадете отказ од моето работно место после посветена работа цели 20 години, со учество на 6 олимпијади и 25 Светски првенства во нордиско скијање и биатлон. Јас како професионалец од изумрени спортови ги вратив во живот и истите со голем успех се развиваа последниве години на спортски и организациски план.

Господине Огнен Циговски, Скијачката федерација на Македонија не е приватна фирма, а Вие за жал сте најнеспособниот претседател досега, кој внесе раздор помеѓу професионалците и спортистите и не поделивте на подобни и неподобни. Овој проблем има единствено решение, наместо професионалците надвор од скијањето, Вие како ,,претседател” на СФМ веднаш да си поднесете неотповиклива оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот