Продолжува потрагата по Вања и тлее надежта дека таа ќе се врати дома

Вања Ѓорчевска исчезна на 27 ноември 2023

Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска, ученичка која завчера утрото на пат кон училиште исчезна во централниот дел на Скопје, во населбата Дебар Маало. Во меѓувреме, информацијата за нејзиното исчезнување е пренесувана од регионалните медиуми, а информациите за нејзиниот физички изглед кои можат да допринесат за нејзино препознавање, се споделуваат и на англиски јазик на социјалните мрежи.

Вања носела црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „Најк“ патики со кафена лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон „Песталоци“. Висока е 175 сантиметри, тешка 58 килограми, има темно кафена коса и кафени очи, носи протези на горните и долните заби и има бемка на десната страна од лицето. Со себе носи ранец и мобилен телефон марка „Ајфон“.

Нејзината мајка вчера за „Слободен печат“ изјави дека Вања немала проблеми со булинг, семејните односи не биле нарушени и семејството нема непријатели. Таа изрази благодарност за работата на полицијата која на највисоко ниво со формирање на специјален тим максимално се ангажира за Вања да биде пронајдена.

Доколку имате било каква информација јавете се во најблиската полициска станица.

Полицијата апелира да не се шират дезинформации. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво. Истрагата интензивно се одвиваше и во текот на ноќта но без епилог.

Јавноста е исклучително вознемирена од настанот со оглед на тоа што се работи за исчезнато дете во еден од најфреквентните централни делови на Скопје.

Препораките од веб страната на МВР за помош во случаи на исчезнати лица може да ги прочитате овде.

ФОТО | Во Дебар Маало другарчињата лепат плакати од исчезнатата другарка Вања

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот