Реката Вардар / Фото: илустрација / Слободен печат

Продолжува опасноста од поплави – врнежи се најавени и денеска

Во текот на ноќта и утрово се очекува зголемување на водостојот на река Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска, соопшти УХМР и предупредува на внимателно движење покрај реките.

Оттаму велат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки. Во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи. Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.

Поради излевање на Вардар од доцна синоќа се пренасочува и сообраќајот во гостиварско, информираат од АМСМ.

„На 15.02 од 22:45 часот, поради излевање на река Вардар, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране е пренасочен од с. Чајле кон с. Старо Чајле кон село Форино, соопштија утрово од Авто-мото сојузот на Македонија.

Обилните врнежи што ја зафатија земјата вчера предизвикаа излевање на реки и сериозни поплави во западниот и северниот дел од Македонија. Најпогодени се општините Кичево и Сарај, каде се вршеше евакуација на жители и интензивна санација на штетите.

ВИДЕО | Поплави во Кичево, реки течат низ улиците, општината организира времено сместување на поплавените од „Прилепска“

Координацијата меѓу Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи е интензивна, но на површина излегоа и проблемите со ограничените технички ресурси. Сепак, беше реализирана успешна спасувачка акција во селото Беловиште, каде беа извлечени заглавени лица.

Поплави во Сарај, механизацијата на терен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот