Даниел Нобоа / Фото EPA-EFE/Jose Jacome

Продолжена вонредната состојба во Еквадор за уште 30 дена

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа издаде декрет за продолжување на вонредната состојба, прогласена на 8 јануари, „за уште триесет дена“.

Рокот е продолжен поради состојбата на сериозни немири и „внатрешен конфликт“ во Еквадор, се наведува во претседателскиот декрет.

Според Уставот на Еквадор, претседателот на може да ја продолжи вонредната состојба максимум до 90 последователни денови.

Вонредната состојба беше прогласена на 8 јануари, откако се дозна дека криминалецот Адолфо Масијас, кој отслужуваше 34-годишна затворска казна за организиран криминал, трговија со дрога и убиство, избегал од затвор. Бегството на Масијас од затвор беше проследено со киднапирање на над 200 полицајци и затворски чувари и експлозии.

На 9 јануари, претседателот Нобоа објави дека Еквадор е во состојба на „вооружен внатрешен конфликт“ и нареди војници да бидат распоредени на улиците и во затворите за да се борат против десетици криминални банди поврзани со мексиканските картели и албанската мафија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот