Продавачка преку видео ги предупреди купувачите: Вака се „ослободуваме“ од вратената роба (ВИДЕО)

принтскрин

Вработена во една продавница во САД, Бијанка Ан Левинстон неодамна на својот „TikTok“ профил објави видео во кое покажува што се случува кога купувачот ќе ги врати производите од кои не е задоволен.

„И јас бев прилично шокирана кога дознав што се прави со производите кои се враќаат“, изјави Бијанка за „BuzzFeed“ и додаде дека видеото го објавила со цел да ја подигне свеста околу тоа.

Во видеото Бијанка користи чупалица за да ги уништи сенките за очи кои купувачот ги вратил, па потоа ги фрла во ѓубрето. Истата процедура се повторува и со цела скапоцена палета козметички производи, а Бијанка во еден момент истура и цел шампон во корпата за отпадоци.

@biancaann5How returns are handled at the best beauty store ever? (I love my Ulta fam) ##ultabeauty ##workdistractions ##fyp ##checkthisout ##foryoupage

♬ original sound – biancaann5

„Сакам луѓето да сфатат дека она што ќе се одлучат да го вратат можеби нема повторно да биде ставено на полиците за продажба. Разбирам дека некои луѓе мораат да вратат некој производ, но доколку навистина не е потребно, не правете го тоа“, изјави таа и додаде дека речиси 45 проценти од купувачите на неделна база враќаат работи и бараат поврат на пари.

„Во една недела купувачите враќаат производи во вредност од околу 1000 долари“, појасни таа.

Вели дека на овој начин многу продавници се „ослободуваат“ од вратените производи, односно ги уништуваат и фрлаат со цел да не можат да бидат украдени или препородадени, а тоа на светско ниво, претставува голема загуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот