Фото: Телма / принтскрин

Проданоски вели дека се почитува презумцијата на невиност, но и дека ексфункционери „направиле криминал од епски размери“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на „Телма“ тврдеше дека во случаите со поранешни функционери осомничени за злоупотреби се почитува презумцијата на невиност, но во исто време рече и дека ексфункционерите „се огрешиле од законот“ и „направиле криминал од епски размери“.

„Оние кои се огрешиле од законот во изминатите седум години е дегутантно да ги браниме, а направиле криминал од епски размери“, рече Проданоски реплицирајќи му на соговорникот, Митко Трајчулески од СДСМ.

„Јавноста очекува разрешница на сите случаи коишто беа спомнати. Презумцијата на невиност се разбира дека се почитува, меѓутоа треба институциите на системот, односно онаа трета власт треба да почне да функционира, а знаеме дека длабоко во нејзе се вкоренети луѓе коишто биле директни членови или високи партиски функционери на партијата којашто сега е во опозиција“, вели Проданоски.

Трајчулески за ситуацијата со Груби: Или државата затаила или имаме договорено бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот