Проблеми за Бразил: Заврши Светското првенство за Габриел Жезус и Алекс Телес

Габриел Жезус (десно) на натпреварот помеѓу неговиот Бразил и Камерун на СП 2022/фото: EPA-EFE/Neil Hall

По повредата на Нејмар во првото коло на Светското првенство во Катар, Бразилците сега се без уште двајца играчи.

Најдобриот стрелец на Арсенал оваа сезона, Габриел Жесус и Алекс Телес (на позајмица во Севиља од Манчестер сити) го завршија Мундијалот.

Жезус го повреди коленото и не е во можност да се врати во тимот. Се очекувам да им се врати на клупските обврски во Арсенал во јануари. Телес се повреди на натпреварот против Камерун.

Двајцата настапија за Бразил во последниот натпревар од групната фаза против Камерун, кој го загубија со 1:0, а на тој меч бразилскиот селектор Тите ги одмори сите важни играчи.

Но, сега остана без двајца важни играчи од клупата за резервни фудбалери, Жесус и Телес.

Настапите на Нејмар и Алекс Сандро во осминафиналето за два дена против Јужна Кореја се под знак прашалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот