Проблем за Мајами: Се повреди Џими Батлер

Фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Mинатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами, по поразот од Филаделфија во нивниот прв настап во „плеј-инот“ дознаа и дополнителна лоша вест бидејќи за доигрувањето против Чикаго во петок нема да го имаат на располагање својот најдобар кошаркар, Џими Батлер.

Батлер се повреди во последните секунди од натпреварот со Филаделфија кога донашниот играч Кели Оубре незгодно му налета на ногата. Батлер остана на теренот до крајот на теренот, но според првите проценки го очекуваат неколку недели пауза. Детали за повредата ќе бидат познат по магнетната резонанца.

Ова значи дека Мајами ако успее да се пласираа во доигрувањето во првиот круг против Бостон кој беше лидер на Истокот ќе мора да игра без услугите на Батлер.

До повредата Батлер постигна седум поени, а до крајот уфрли уште 12 со многу слаб шут за три поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот