Приведени три лица кои во Канада планирале атентат врз принцот Хари

Tри лица се приведени при планирање обид за атентат врз принцот Хари, oбјави британски „Експрес“.

Поранешниот началник на кралската гарда Даи Дејвис е загрижен за сегашната состојба на принцот и неговата сопруга Меган Маркл. Тој објави дека пред еден месец Хари бил предупреден за можен обид за атентат.

Во овој случај, уапсени се три лица, кои се осомничени дека имале намера да го повредат принцот.

И покрај ниската стапка на криминал во Канада, бројот на огнено оружје по глава на жител во земјата е исклучително голем.

Даи Дејвис го нагласува фактот дека принцот Чарлс се уште е главен командант на британските воздушни сили, со што неговиот син е цел на разни терористички организации. Според него, преминувањето во другиот крај на светот го намалува нивото на безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот