Приведени пет лица за кражба, напад врз полицаец и поседување дрога

Поради напад врз полицаец вчера попладне е приведен 44 годишник од Тетово.

Полицајците вчера привеле пет лица во Тетово од кои четворица се жители на други места поради кражба, агресивност кон полицајци и откриена дрога.

-Околу 11 часот и 35 минути, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато” и „Илинденска ” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 27-годишната гостиварка М.И. и 45-годишниот скопјанец Д.Г., поради сомнение дека на 29 август околу 18 часот и 50 минути извршиле разбојништво во аптека на улица „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Поради напад врз полицаец вчера попладне е приведен 44 годишник од Тетово.

-Околу 15 часот и 20 минути на улица „146″ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот тетовец Г.И., кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија во непосредна близина и при тоа физички нападнал и еден полициски службеник. Г.И. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување на случајот против него ќе следува поднесок – информираше Јосифоски.

Вечерта околу 21 часот и 45 минути во тетовско Горно Седларце, полицајци на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Ф.(32) од гостиварско Беловиште и А.У.(32) од Скопје. При нивен преглед била пронајдена бела прашкаста материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот