Приведени двајца битолчани кај кои полицијата пронашла дрога

Апсење / Фото: МИА

Полицијата синоќа приведе двајца битолчани кај кои била пронајдена дорга и оружје, како и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

На 15.10.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР ги лишиле од слобода М.С.(42) и 30-годишната С.К., двајцата од Битола.
При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.К., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело – соопшти МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола, против нив е поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот