Приведени четири лица за приложување лажни ПЦР тестови

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
 Полициски службеници на Граничниот премин „Меѓународен аеродром”-Скопје синоќа привеле четири лица со место на живеење во Швајцарија за приложување на лажни пЦР тестови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа во 19:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром”-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови, се наведува во соопштението на Министерството.
Од Министерството информираат дека бил извршен  разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.
Претходно и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа, односно приложил невалиден тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот