Приведен тетовчанец кој крадел од товарно возило

Апсење / Фото: МИА

Полицијата лиши од слобода 27-годишен тетовчанец осомничен за кражба од товарно возило, кое било паркирано во тетовско Пршовце.

Ноќеска (29.03.2023) околу 02.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец И.М.. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба од товарно моторно возило „МАН“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано во тетовско Пршовце, велат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е задржано во Полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот