Приведен арачиновец – летал дрон во близина на касарната „Гоце Делчев“

53 годишен маж од Арачиново кој живеел во Ирска летал дрон во близина на касарната „Гоце Делчев“ , тој е приведен поради сомнеж дека сторил кривично дело.

„На 08.04.2024 во 00.30 часот на ул.„Матеја Матевски“ на подрачје на општина Аеродром, на задниот дел од касарната „Гоце Делчев“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобда Р.Р.(53) од с.Арачиново, со живеалиште во Ирска. Приведен е поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ по член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат од воени лица како лета дрон во близина на касарната“, информираа од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот