Притвор од 30 дена за стилистот кој во Србија злоупотребувал малолетни момчиња
Основниот суд во Нови Сад му одреди 30 дневен притвор на новосадскиот стилист Срѓан Швељо, кој се сомничи за три кривични дела, пренесува „Танјуг“.
Препорачано
Швељо, меѓу другото, е осомнилен дека во претходните месеци сексуално искористувал малолетници кои доаѓале кај него како модели.
Притворот му го одреди судија на претходна постапка на предлог на обвинителството, пред кое претходно беше сослушан во присуство на бранител, рече за „Танјуг“ портпаролот на судот Глигор Нениќ.
Швељо се товари за кривичното дело покажување, собирање и поседување на порнографски материјали и искористување на малолетно лице за порнографија, недозволиви полови односи и неовластено поседување на опојни дроги.
Во претресот на станот на осомничениот, полицијата пронашла фотографии кои се направени при злоупотреба на малолетниците за порнографски цели, соопштено е вчера од новосадската полиција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


