Уапсен стилист од Србија- злоставувал малолетни момчиња

Српски „Блиц“ пишува дека стилистот е уапсен откако малолетните жртви го пријавиле во полиција. Се верува дека Швељо ги злоупотребувал.

Стилистот и диџеј Срѓан Швељо е уапсен под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица, пренесува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на српските медиуми.

Швељо е уапсен во Нови Сад, каде што живее и работи од 1994 година.

Српски „Блиц“ пишува дека стилистот е уапсен откако малолетните жртви го пријавиле во полиција. Се верува дека Швељо ги злоупотребувал.

-Момчињата во полиција раскажале дека кај Швељо доаѓале како модели. Тој ги соблекувал, облекувал и ги фотографирал- изјави за „Блиц“ извор од истрагата.

Момчињата, наводно, биле на возраст од 12 до 14 години.

Инстаграм профилот на Швељо е полн со фотографии од млади момчиња на различна возраст, од кои повеќето се помлади, тинејџери. Скоро секоја фотографија има сексуална конотација и моделите се претежно разголени.

Прочитајте и...  Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Ова апсење доаѓа откако Игор Јуриќ, основач на фондацијата „Тијана Јуриќ“, зборуваше за јавни тајни за педофилите во Србија, велејќи дека веќе долго време има сознанија за влијателни луѓе од повеќе градови кои злоупотребувале деца. Додаде дека под чиста одговорност и свест го изјавува тоа за тие луѓе да знаат дека тој и неговите соработници имаат многу информации за нивните постапки.

Прочитај повеќе

Кој е посилен од државата?

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат

Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Слободен печат

Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Слободен печат

Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Слободен печат