Приоритет во Аеродром во 2023 година – зелен и хуман развој на општината

Фото; Општина Аеродром

Општина Аеродром во моментов го проектира буџетот за 2023 година во кој се планирани инвестиции во неколку важни и капитални проекти, како што се проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки, изградба на нов плоштад зад Капитол и доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром.

Од Аеродром истакнуваат дека и во следниот период ќе се фокусираат на зелен и хуман развој на општината, со многу поголем интензитет и динамика. Тоа, според нив значи дека сите нови објекти кои Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.

Општината ги намалува непродуктивните трошоци и вложува во капитални проекти. За првпат Општина Аеродром следната година ќе издаде „зелена обврзница” која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза – велат од општината.

Оттаму истакнуваат дека следната 2023 година ќе биде година на интензивни капитални инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот