Принцот Вилијам зборуваше за своите деца и откри интересен детаљ што никој не го знае
Принцот Вилијам, кој има три деца со сопругата Кејт Мидлтон, му откри на актерот Џон Клиз, дека нивниот дом моментално ужива во многу смеа благодарение на популарната серија во која комичарот глумел, пренесуваат британските медиуми.
Препорачано
Зборувајќи со 86-годишниот комичар, кој го играше ексцентричниот сопственик на хотел Базил Фолти во комичната серија од 1970-тите, на доделувањето на наградите за заштита на природата „Таск“, Вилијам рекол: „Моите деца штотуку ја открија ‘Фаличен пансион’, тие апсолутно ја обожаваат. Сите сега се смееме многу.“
Тој додал дека серијата, која имаше само две сезони од шест епизоди, била едноставно брилијантна.
Вилијам, кој еден ден ќе го наследи својот татко на британскиот престол, е покровител на фондацијата „Таск“ и помина време со амбасадорите на организацијата, Џон и гитаристот на „Ролинг стоунс“, Рони Вуд (78), пред церемонијата на доделување на наградите. Наградите им оддаваат признание на оние кои работат на заштита на африканските животни и нивните живеалишта.
Тој рече дека Рони бил еден од најдолгогодишните амбасадори на Фондацијата „Таск“ и ѝ рекол на сопругата на Џон, Џенифер Вејд: „Толку е убаво што сте дел од семејството на ‘Таск’“.
Вилијам е покровител на Фондацијата „Таск“ од 2005 година и помогна во лансирањето на неговите награди во 2013 година.
Порано овој месец, Вилијам го посети Бразил за петтата награда „Ертшот“ и одржа говор на конференцијата за климата „Коп30“. Тој рече дека патувањето во Јужна Америка „го зајакнало моето чувство на итност“ во врска со еколошката криза.
Принцот Вилијам откри како им соопштил на децата дека Кејт има рак: „Многу е тешко“


