Принцот Хари за денот кога се родил: Знаете ли што ѝ рекол татко ми на принцезата Дијана тогаш?

Кралот Чарлс, принцезата Дијана и принцот Хари
Кралот Чарлс, принцезата Дијана и принцот Хари - еден ден по неговото раѓање / 16 септември 1984 / Фото: John Shelley Collection / Avalon / Profimedia

Се ближи датумот кога ќе бидат објавени мемоарите на принцот Хари, со наслов „Spare“ („Резерва“), во кои тој ќе открие бројни пикантерии од животот на британското кралско семејство.

Меѓу другото, принцот ќе раскаже и за настаните на денот кога се родил – 15 септември 1984 година. Според напишаното во книгата, кралот Чарлс Трети ѝ рекол на принцезата Дијана, мајката на принцот Хари: „Прекрасно! Сега ми дадовте наследник и ‘резерва’ – мојата работа е завршена“.

Фотосесија на принцезата Дијана со синовите Вилијам и Хари
Фотосесија на принцезата Дијана со синовите Вилијам и Хари / Фото: Lord Snowdon / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ова е дел од претстојната автобиографија на војводата од Сасекс, која ќе биде објавена на 10 јануари, чии делови веќе протекоа во „Гардијан“.

Британските медиуми пренесуваат дека принцот Хари намерно го избрал тој погрден наслов на книгата, кој, всушност, е назив за личност која е втора во редот за наследување на престолот и и веројатно никогаш нема да стане монарх.

Принцовите Вилијам и Хари со нивните сопруги – Кејт Мидлтон и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/STR

Овие тврдења на принцот Хари доаѓаат откако тој го обвини британското кралско семејство за „протекување“ информации на медиумите.

Потоа, тој изјави дека сака да ги поправи односите со татко му, кралот Чарлс, и брат му, принцот Вилијам, па, сосема контрадикторно, ја сподели информацијата дека брат му Вилијам физички го нападнал при расправија за бракот со Меган Маркл. Хари тврди дека Вилијам ја нарекол американската актерка „тешка“, „безобразна“ и „токсична“.

ВИДЕО | Принцот Хари: Си ги сакам брат ми и татко ми назад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот