Принцот Ендру и Сара Фергусон - Фото: EPA/WILL OLIVER

Принцот Ендру и Сара Фергусон се согласија да ја напуштат „Кралската ложа“, но само ако добијат две куќи за возврат: Го сакаат поранешниот дом на Вилијам и Кејт

Принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон наводно започнале разговори за иселување од „Кралсака ложа“ на имотот Виндзор, а во исто време изразиле желба за еден од двата кралски имоти: Фрогмор Котиџ или Аделаида Котиџ, пишува „Дејли мејл“.

Поранешниот војвода од Јорк, кој живее без кирија во својата вила со 30 соби повеќе од две децении, се соочува со притисок да ја напушти резиденцијата по растечкото јавно незадоволство и парламентарните повици за дебата за неговите привилегии.

Исто така, се појави вест дека кралицата Камила всушност била главниот иницијатор на идејата за преместување на Ендру и Сара од „Кралската ложа“.

Кралот Чарлс веќе ја понудил куќата Фрогмор, попозната како поранешниот дом на принцот Хари и Меган Маркл, како можна нова резиденција, но Ендру и Ферги исто така изразиле интерес за, ни помалку ни повеќе, куќата Аделаида, која до неодамна ја користеа принцот и принцезата од Велс!

И двајцата, според изворите, би сакале да останат во близина на Виндзор или Лондон, каде што нивните ќерки Беатрис и Јуџин имаат домови.

Сè уште не е познато колку кирија би платиле или кој би ја презел „Кралсака ложа“ по нивното заминување, но се шпекулира дека новиот закупец би бил задолжен за многу потребната реновација на резиденцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот